🎥 МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ДЕЧКОТО И ГО ПОДБУЦНА Сабаленка се надева дека наскоро ќе го вика некако поинаку

485

Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, му се обрати на своето момче, грчко-бразилскиот бизнисмен Георгиос Франгулис, по победата во финалето на турнирот во Бризбејн, Австралија.

– Благодарам на моето момче. Се надевам дека наскоро ќе можам да те викам некако поинаку, нели? Само додавам дополнителен притисок – рече Сабаленка на церемонијата на доделување награди.






Франгулис се насмевна на зборовите на Сабаленка.

Во натпреварот за трофејот, Белорусинката утринава ја победи Украинката Марта Костјук со 6:4 и 6:3.

 

 

Поврзани содржини