МУ СЕ СЛОШИЛО, ПА ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ Возач загина меѓу Тетово и Јажинце

Во службен разговор сопругата на возачот изјавила дека пред несреќата му се слошило, по што изгубил контрола над возилото.

400

Шеесетгодишник од тетовско Теарце починал додека управувал возило и излетал од патот. Несреќата се случула утринава околу 6 часот на регионалниот пат Тетово-Јажинце кај Слатино.

– Во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, кај село Слатино, патничко моторно возило „даеву“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 60 годишно машко лице од село Теарце, излетало надвор од коловозот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај возачот. Во службен разговор сопругата на возачот изјавила дека пред несреќата му се слошило, по што изгубил контрола над возилото – информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.






По несреќата екипа од СВР Тетово извршила увид.

Поврзани содржини