МУ СЕ ОТВОРА ПАТОТ НА СВЕТСКИТЕ ТРКИ Видеолотарија го поддржа мотоциклистот Христијан Бузалковски

Спонзорството е дел од стратегијата на Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија да ги поттикне спортските навики и да го негува развојот на спортскиот дух кај младите.

129

Видеолотарија ќе го спонзорира македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски, кој е член на Здружението Мото клуб 71 Тим Скопје. Средствата од спонзорскиот договор на Бузалковски ќе му овозможат учество на меѓународни шампионати.

– Оваа сезона ќе настапиме на европскиот FIM Europe шампионат во класата Superstock1000cup, потоа и на Алпе Адриа интернационалниот шампионат, како и на BMU European Road Racing championship. Покрај овие натпревари, ќе возиме и на домашниот национален шампионат во најсилната класа од 1000 кубни сантиметри – рече Бузалковски.






Спонзорство е дел од стратегијата на Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија да ги поттикне спортските навики и да го негува развојот на спортскиот дух кај младите, како и да го поддржи македонскиот спорт.


Мотоциклистичкиот шампион Христијан Бузалковски

Поврзани содржини