МУ СЕ ОБРАТИЛЕ НА САТАНАТА ПРЕД ДА СКОКНАТ ОД ЗГРАДАТА? Нови сознанија за парот од Нови Сад кој си ги отру децата па се самоуби

Полицијата се сомнева дека секташките ракописи ги собирал мажот. Се смета дека сектата силно верувала во задгробен живот. Децата имале несекојдневни имиња - Арос и Ехос.

1,312

Лав и Мартина, младите сопружници од Нови Сад во Србија кои држејќи се за рака скокнаа од 16-катница, а претходно си ги отруја синовите, поседувале египетски симболи и пораки од сатаната. Српски Информер тврди дека полициските инспектори во плакар во нивната куќа во Петроварадин нашле секташка литература, книги и тефтери во кои мажот најверојатно пишувал белешки.

Мажот Л.П.С(25) бил од Белград, а жената М.П.С.(23) од Бачки Петровац. Тие пет години немале контакт со нивните семејства и пријатели. Полицијата се сомнева дека секташките ракописи ги собирал мажот. Се смета дека сектата силно верувала во задгробен живот. Децата имале несекојдневни имиња – Арос и Ехос.






Младите сопружници на 1 март скокнаа од зграда, а нивните деца денеска беа пронајдени мртви и покриени со бел чаршаф во станот во куќата живееле во Петроварадин. Комшиите се во солзи поради прераната смрт на двајцата млади и нивните деца.

Познаник на мажот којс вири во метал-бендот „Никола Чубрило бенд“ вели дека Л.П.С.(25) се занимавал со музика, главно хеви-метал. Л.П.С. ги отпеал и вокалите за истиот бенд.

– Да, тој беше продуцент на мојот прв албум и колега од факултет. Се познававме, секако, многу добро ги познавам и неговите родители и сестра. Многу сум потресен – изјави претставникот на бендот.

Брачниот пар во петокот околу 22 часот влегол во зградата на булеварот Цар Лазар број 7 во Нови Сад, се качиле на последниот кат, ја скршиле стаклената врата и влегле на покривот, а потоа заедно скокнале во смрт.

Парот бил идентификуван врз основа на отпечатоци од прсти.

Поврзани содржини