МУ РЕКОВ НА СИН МИ ДА НЕ МУ СЕ ПОВТОРИ Татко му на Даку зборуваше за скандалот на Евро 2024
Мојот син веќе се врати дома. Мирлинд е здрав, но не се чувствува добро од ситуацијата. Му реков никогаш повеќе да не го прави тоа. Ќе одмори неколку дена, а потоа ќе замине во Русија, рече татко му на Мирилинд Даку.
Tаткото на фудбалерот на Албанија Мирлинд Даку, Фехми Даку, зборуваше за скандалот со неговиот син на Евро 2024.
– Мојот син веќе се врати дома. Мирлинд е здрав, но не се чувствува добро од ситуацијата. Му реков никогаш повеќе да не го прави тоа. Ќе одмори неколку дена, а потоа ќе замине во Русија. Слушнав дека неговиот клуб Рубин Казан ќе го казни Мирлинд за неговите постапки на Евро, оваа одлука на клубот мора да се почитува. Тој нема да има проблеми со соиграчите од Србија, тие ќе живеат во мир – изјави Фехми Даку за „Sport24“.
По натпреварот од второто коло од групната фаза на ЕП против Хрватска (2:2), Даку преку мегафон од навивачите упати псовки кон Србите и кон Македонците.
ПОРАДИ НАВРЕДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ И КОН СРБИТЕ Албанскиот фудбалер Даку е суспендиран од УЕФА