МУ РЕКЛА ДЕКА ЌЕ ГО ВРАБОТИ ВО СТРАНСТВО Скопјанец уплатил 11.000 денари на социјална мрежа
Како што е пријавено, откако по трет пат му било побарано да уплати пари на социјална мрежа забележал коментари дека повеќе лица биле измамени од истата личност, по што сфатил дека и тој е измамен.
На 23.09.2024 во 21 часот во СВР Скопје, 25 – годишник од Скопје пријавил дека бил измамен од женско лице за сума од околу 11.000 денари. Според пријавеното, тој на интернет забележал оглас за работа во странска земја објавен од лицето, по што стапил во контакт и потоа во два наврати ги уплатил парите.
Како што е пријавено, откако по трет пат му било побарано да уплати пари на социјална мрежа забележал коментари дека повеќе лица биле измамени од истата личност, по што сфатил дека и тој е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.