МУ ПУКНАЛА ПЕТАРДА ВО УСТАТА Малолетник во Тетово се здобил со повреди

Засега не е познато како се случил инцидентот.

976

Малолетник во Тетово се здобил со повреда откако петарда му пукнала во устата. Тој  е еден од четворица малолетнии кои се пријавиле во ургентниот центар во текот на новогодишната ноќ. Засега не е познато како се случил инцидентот.

Новогодишната ноќ во Тетово поминала без други поголеми инцидентот. Во центарот се пријавиле и тројца граѓани кои биле во алкохолизирана состојба.






Во Тетово оваа година немаше новогодишно украсување со елка и светкави сијалички, а немаше ни прослава, па граѓаните мораше сами да си прават атмосфера со петарди и други пиротехники.

Првороденото бебе во Тетово беше девојче, а беше посетено од градоначалникот Билал Касами.

Поврзани содржини