МУ ПУКАЛЕ ПРЕД КУЌА ПОРАДИ ДОЛГ Расчистен обид за убиство во скопско Мирковци

Лицата Б.Р. и М.Е: на 10 декември отишле пред куќата на Д.Ј.(42) при што М.Е. од пиштол пукал кон него, но не го повредил, информира СВР Скопје.

758

Скопската полиција расчисти обид за убиство поради нерасчисте4ни должничко-доверителски односи во скопско Мирковци. Лицата Б.Р. и М.Е: на 10 декември отишле пред куќата на Д.Ј.(42) при што М.Е.  од пиштол пукал кон него, но не го повредил, информира СВР Скопје.

Судија на претходна постапка, на М.Е. му определил мерка притвор во траење од 30 дена.






„Единицата за насилен криминал – одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против М.Е. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство” во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик и против Б.Р. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело”, казниво по член 365 од Кривичниот законик“, се вели во полицискиот билтен.

 

 

Поврзани содржини