МУ ПРОПАДНА БИЗНИСОТ НА ТЕТОВЕЦ ПРЕД НОВА ГОДИНА Полицијата заплени 3.312 парчиња пиротехнички средства
При проверката, во багажниот простор на возилото биле пронајдени повеќе пакети со вкупно 3.312 парчиња пиротехнички средства, кои вклучуваат огномети, петарди, ракети и слично“, се наведува во соопштението.
На Граничниот премин Јажинце, полицијата спречи обид за шверц на пиротехнички средства, при што беше запленета пратка која содржеше повеќе од 3000 парчиња огномети, петарди и ракети.
Според соопштението од Министерството за внатрешни работи, вчера (12.11.) околу 16:40 часот, полициски службеници од ПС за Гранично обезбедување при Граничниот премин Јажинце, извршиле проверка на патничко моторно возило „Тигуан“ со тетовски регистарски таблички, управувано од З.С. од Тетово.
„При проверката, во багажниот простор на возилото биле пронајдени повеќе пакети со вкупно 3.312 парчиња пиротехнички средства, кои вклучуваат огномети, петарди, ракети и слично“, се наведува во соопштението.
По комплетирањето на истрагата и документацијата, ќе биде поднесена соодветна пријава против возачот. Полицијата продолжува со мониторинг и превентивни активности на граничните премини за да спречи нелегален транспорт на опасни материјали.