МУ ПРЕСАДИЛЕ СРЦЕ ОД СВИЊА ДА ГО СПАСАТ Ова е револуција во медицината

Ова е револуционерна операција која нè донесе чекор поблиску до решавање на проблемот околу недостигот на човечки органи. Едноставно нема доволно човечки срца за дарување, за да се пополни долгата листа на можни пациенти на кои тоа им е потребно, рече д-р Бартли Грифит.

454

На Американец во терминална фаза на срцева болест, му било вградено генетски модифицирано свинско срце. Ова е прва операција од ваков вид и три дена по операцијата пациентот закрепнува добро, објавија неговите лекари.

– Ова е револуционерна операција која нè донесе чекор поблиску до решавање на проблемот околу недостигот на човечки органи. Едноставно нема доволно човечки срца за дарување, за да се пополни долгата листа на можни пациенти на кои тоа им е потребно – рече д-р Бартли Грифит.






Операцијата, изведена од тим од Медицинскиот универзитет на Мериленд (САД), имаше за цел да ja покаже изводливоста на трансплантација на свинско срце во човечко тело, овозможена со новите „преуредувања“ на гените. Ако ова вградување се покаже успешно, научниците се надеваат дека органите од свиња успешно ќе го надополнат недостатокот на човечки донатори.

Тој ја изврши операцијата на вградувањето на срцето од свиња на човек.

– Засега сме претпазливи, но оптимисти дека оваа прва ваква операција во светот ќе обезбеди важна нова опција за пациентите во иднина! – додаде д-р Грифит.

За 57-годишниот Дејвид Бенет од Мериленд оваа трансплантација била неговата последна можност за спас.

И други свински органи се тестираат за трансплантација на луѓе, како што се бубрегот, црниот дроб и белите дробови. Претходните обиди за трансплантација од свињи на луѓе биле неуспешни поради генетските разлики кои предизвикуваат отфрлање на органите или поради вирусите кои претставуваат опасност од заразување. Научниците го решиле овој проблем со отстранување на можно штетните гени.

Околу 110.000 Американци во мигов чекаат за вградување органи, а повеќе од 6.000 пациенти годишно во САД умираат без да го добијат потребниот орган, покажуваат податоците на интернет-страницата „Органдонор“.

Поврзани содржини