МУ ПОДАРИ БУБРЕГ И МУ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ Илија сега моли за помош на мајка му Благица

Благица Стамкова има потреба од операција која не може да се прави во нашата земја, тумор на панкреас, а која чини 26.000 евра би се извршила во Република Турција.

375

Синот на Благица Стамкова, Илија на социјалните мрежи упати апел за помош на неговата мајка која пред 9 години му донираше бубрег и му го паси животот. Сега на Благица и е откриен тумор на панкреас и потребна е итна операција во Турција.

– Мојата мајка Благица Стамкова која ми го спаси мојот живот со донирање на нејзиниот бубрег пред 9 години. Има потреба од операција која не се прави во нашата земја, тумор на панкреас операцијата која чини 26.000 евра би се извршила во Република Турција. Да и помогнеме сите заедно и да и го продолжиме нејзиниот живот – стои во објавата на Илија.






Сите оние кои сакаат да помогнат во обидот на Илија да ја спаси неговата мајка, може да донираат со вртење на следните телефонски броеви:

Телеком со телефонски повик на бројот 143-129 ;

А1 само преку порака со симбол на бројот 143-129 ;

Се издвојуваат 100 денари од повик (порака).

Доколку некој сака да донира повеќе средства, отворена е специјална трансакциска сметка на која може да се префрлаат донациите.

Поврзани содржини