МУ ПОБАРАЛ КАРТА, АМА ДОБИЛ ЌОТЕК Патник нападнал контролор на ЈСП кај Бит Пазар

Контролорот пријавил во полиција дека во автобус на ЈСП, додека извршувал контрола со негов колега, по претходна расправија, бил физички нападнат од А.Н.(55) од Скопје.

201

Вчера на подрачје на Бит Пазар бил нападнат контролор на ЈСП.

Како што информира МВР, на 05.04.2023 во 21.30 часот во СВР Скопје, С.А.(42) од Скопје пријавил дека околу 20.50 часот на подрачјето на Бит Пазар, во автобус на ЈСП, додека извршувал контрола со негов колега, по претходна расправија, бил физички нападнат од А.Н.(55) од Скопје.






По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Поврзани содржини