МУ ПЛУКНАЛ ВО ЧИНИЈА И ГО НАПАДНАЛ СО МОТИКА Турист напишал критика на Гугл за ресторан, па бил нападнат од сопственикот
Мене ме приведоа во полициска станица, ме уапсија бидејќи опцув на полски јазик, а сопственикот не признаваше дека ми го оштетил мобилниот, и на крај дури платив казна од 500 куни, вели туристот.
Во хрватското летувалиште Стобреч во близина на Сплит на почетокот на неделава дошло до инцидент помеѓу турист и сопственик на еден ресторан, пишува Далмација Данас.
Според тврдењето на странецот, тој бил нападнат од сопственикот на угостителски објект во центарот на Стобреч.
-Долго чекавме пред угостителскиот објект за да не пуштат внатре. Откако успеавме да влеземе, не услужи многу нељубезен и безобразен келнер. Поради тоа решивме да си одиме и да не јадеме во тој ресторан. Откако најдовме место во друг ресторан во близина на претходниот на стобречкиот брег, напишав лоша рецензија на Гугл за ресторанот во кој бевме незадоволни од услугата – раскажува туристот за Далмација Данас.
Тој наведува дека сопственикот на угостителскиот објект за кого напишал негативна оценка му пришол во моментот додека јадел.
-По приближно половина час, господинот приоѓа до мојата маса вербално ме напаѓа и ме плукна во лице, но и во чинијата со храна. Као само тогаш се чувствував, тогаш дојде до вербален судир меѓу нас, оти како да не му одговорам на такво грдо однесување – вели туристот.
Странецот решил да се врати во угостителскиот објект од кој бил незадоволен од услугата. Тој вели дека тоа не го сторил за да ја продолжи кавгата, туку за да го фотографира сопственикот на објектот и да го пријави во полиција.
-Додека го држев мобилниот телефон, сопственикот на ресторанот почна да ме удара и ме нападна со мотика. Тој беше многу лут и револтиран, а јас се исплашив за својот живот. После се ми го зема мобилниот телефон од раце и го фрли на подот – вели туристот.
Во меѓувреме, дошла полицијата по пријава од граѓани.
– Мене ме приведоа во полициска станица, ме уапсија бидејќи опцув на полски јазик, а сопственикот не признаваше дека ми го оштетил мобилниот, и на крај дури платив казна од 500 куни – вели туристот.
Сопственикот на ресторанот одбил да даде изјава на новинарите на Далмација Данас за случката.