Раперот Еминем (47) споделил една многу емотивна вест со своите следбеници на социјалните мрежи, а истата се однесува на неговиот приватен живот и проблемите со наркотиците.
Познатиот рапер на својот Инстаграм профил објавил фотографија од чип за трезност, односно значка која ја означува неговата голема животна победа.
„Чисти 12 години, во книгите. Не се плашам“, напишал Еминем во описот од фотографијата.
Токму тоа ја означува неговата победа – 12 години откако ја победил својата зависност од наркотици.
За зависноста зборувал без задршка и така во една прилика открил дека умеел да испие и до 30 таблети против болки и од 40 до 60 таблети за смирување во еден ден.
– Не знам во кој точно момент тоа стана проблем. Само се сеќавам дека сѐ повеќе и повеќе ми се допаѓаше – рекол во документарецот „How To Make Money Selling Drugs“.
Она што го навело да се освести и оттргне од пеколот наречен дрога е тоа што пред 13 години за малку ќе го изгубел животот поради предозираност.
Додека во 2000 година работел на продукција на филмот „8 миљи“, сфатил дека има проблеми со несоница бидејќи работел и по 16 часа дневно. Еден пријател тогаш му препорачал лек кој им помага на луѓето да заспијат, меѓутоа раперот брзо се „навлекол“ и подоцна започнал да зема разни лекови.
Пред 13 години, кога се предозирал и за малку ќе го изгубел животот, лекарите му рекле дека во себе внел еквивалент на 4 ќесички хероин.
– Да пристигнев само два часа подоцна во болница, ќе бев мртов. Моите органи откажуваа, црниот дроб, бубрезите, сè. Ме ставија на дијализа и не веруваа дека ќе преживеам. Моето дно требаше да биде смртта – раскажал Еминем за „Њујорк тајмс“.
Се заколнал дека повеќе никогаш нема да допре дрога. Иако му било тешко, поради децата одлучил дека така е најдобро. За да не потклекне, многу му пејачот Елтон Џон (73).