МУ ОДНЕЛ РУЧЕК НА ТАТКОТО ГРАДЕЖНИК, ПАДНАЛ ОД ОБЈЕКТОТ И ПОЧИНАЛ Загина 23-годишен маж во Скопје

Увид на местото извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

859

Млад маж синоќа починал во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, од здобиените тешки повреди од пад од објект во изгардба.

„На 12.12.2024 во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.О.(23) од Скопје, кој околу 20.20 часот починал. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од објект во изградба на подрачјето на Бит Пазар, каде што бил да однесе јадење на неговиот татко, кој работел на објектот“, соопшти пилицијата.






За настанот бил известен трудов инспектор. Увид на местото извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Поврзани содржини