Мујо е најстариот алигатор во светот кој живее во Белград (ВИДЕО)

Не е можно точно да се утврди колку години има Мујо, бидејќи документацијата за него била изгорена за време на бомбардирањето во Втората светска војна, кога беше уништен голем дел од оваа зоолошка градина.

761

Дали знаевте дека најстариот алигатор на светот живее во Белград?

Американскиот алигатор Мујо пристигнал во Србија во 1936-та година, а во тоа време, според зоолошката градина „Бео“, тој веќе бил стар неколку години, објави „ВВС“ на српски јазик.






Не е можно точно да се утврди колку години има Мујо, бидејќи документацијата за него била изгорена за време на бомбардирањето во Втората светска војна, кога беше уништен голем дел од оваа зоолошка градина.

Со сигурност се знае дека тој е постар од 85 години, што го прави метузалем меѓу овие влекачи, бидејќи нивниот животен век е до 50 години.

Мујо ја држи титулата најстар американски алигатор кој живее во зоолошки градини во светот од минатата година.

Тој преживеа три бомбашки напади во Белград, а од 2012-ра година оди на три нозе.

Алигаторот доби гангрена, па предната десна нога мораше да му биде ампутирана.

Запознајте го Мујо, но и ветеринарот кој му го спаси животот, како и докторот кој денес се грижи за него во зоолошката градина.

Поврзани содржини