МУ НАШЛЕ ПИШТОЛ НА 16-ГОДИШНИК, ПРОБАЛ ДА БЕГА СО МОТОЦИКЛ Филмско апсење кај гробиштата во Бутел
Инцидентот се случил на 6 септември 2025 година, во близина на гробиштата Бутел, кога полициските службеници од СВР Скопје дале знак за запирање на мотоцикл управуван од 16-годишник, се вели во полицискиот билтен.
Малолетен скопјанец бил уапсен откако не застанал на полициски знак, се обидел да побегне и бил фатен со пиштол „Ц3“ и куршуми, информираше Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил на 6 септември 2025 година, во близина на гробиштата Бутел, кога полициските службеници од СВР Скопје дале знак за запирање на мотоцикл управуван од 16-годишник.
Според наведеното во полицискиот билтен, тој одбил да сопре и се дал во бегство, но набргу бил сопрен и приведен.