📷 МУ НАШЛЕ 1.357 ПАРЧИЊА МУНИЦИЈА И 488 СТЕБЛА ОД КАНАБИС Полицијата влезе во поранешен локал во Мешеишта
Лицето е задржано во полициската станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во поранешен угостителски објект во селото Мешеишта, општина Дебрца, криминалистичката полиција од СВР Охрид открила огромна количина оружје и дрога што нелегално ги поседувал 48-годишниот Г.М. од селото Подмоље.
Како што се вели во соопштението, при претресот спроведен на 31 октомври 2025 година со судска наредба, полицијата пронашла и одзела 1.357 парчиња муниција од различен калибар, 488 стебла од растението канабис, сандак со куршуми калибар 7,62 милиметри, два стари револвери, пиштол „Взор“ калибар 7,65 милиметри, две автоматски пушки, тромблонски држач, тело и иницијална каписла од рачна бомба, како и пакување со црна грутчеста материја, ќеса со кафеава прашкаста материја и други предмети поврзани со незаконската активност.
Лицето е задржано во полициската станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

