МУ НАПЛАТИЛ 7.800 ДЕНАРИ ОД ЦЕНТАР ДО ВОДНО Турист од Швајцарија бил измамен од таксист
Турист од Швајцарија пријавил во полиција дека за време на патување со такси бил брутално прелажан. Откако го сфатил износот што му бил побаран за кратката релација, туристот реагирал, но наместо извинување, добил агресивно однесување од страна на возачот кој веднаш потоа избегал со возилото.
Турист од Швајцарија пријавил во полиција дека бил измамен од скопски таксист, кој за возење од Центар до Средно Водно му наплатил астрономски 7.800 денари, соопшти МВР.
Настанот се случил вечерта, на 14 јуни, кога 43-годишниот Б.Ф.П.Х. од Швајцарија пријавил во СВР Скопје дека за време на патување со такси бил брутално прелажан. Откако го сфатил износот што му бил побаран за кратката релација, туристот реагирал, но наместо извинување, добил агресивно однесување од страна на возачот, кој веднаш потоа избегал со возилото.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителот.
Овој случај отвора сериозни прашања за безбедноста и за третманот на туристите во Скопје, особено во делот на нерегулирани такси услуги и злоупотреби од поединци.