МУ КУПИ БОНГО, АМА ДА НЕ ГО КОРИСТИ ГОЛ! Синот на Метју Меконахи тера мајтап со татка си

Под објавата се собра долга низа коментари. „Само нека не ја носи истата облека како и минатиот пат кога свиреше“, „Да, бонгото е вистински подарок“, „Имаш добра смисла за хумор“ - напишаа следачите.

372

Леви, синот на глумецот Метју Меконахи со своја објава ги насмеа следачите на интернет-просторот. Имено, додека купувал божиќни подароци, решил со видео да се пошегува со татко сѝ.

 






– Го привршувам божиќното пазарување и стигнав до – татко ми. Секогаш ми е тешко да го најдам вистинскиот подарок за него, но мислам дека најдов нешто… Момци, мислам дека ја најдов вистинската работа!, раскажува 15-годишниот Леви, снимајќи се.

Вниманието на тинејџерот во тој миг се сосредоточи на бонго-тапан. Тоа се оние афро-кубански мали тапани – две трупчиња споени во еден удирачки инструмент.

– Сите знаеме дека татко ми сака добро бонго, нагласи Леви.

Под објавата се собра долга низа коментари. „Само нека не ја носи истата облека како и минатиот пат кога свиреше“, „Да, бонгото е вистински подарок“, „Имаш добра смисла за хумор“ – напишаа следачите.

Зошто е ова смешно? Метју во 1998 година бил уапсен оти гол свирел на бонго. Тој раскажа за овој настан и во својата книга објавена 2020 година.

 

 

Поврзани содржини