МУ ГО УКРАЛЕ ВОЗИЛОТО ОД ДВОРОТ Крадците биле снимени на безбедносни камери
Украденото возило е „форд фокус“ со сива боја и регистарски таблички МК 0927 АВ. Aпелираме доколку некој го забележи да ја извести најблиската полициска станица - истакнаа од семејството чие возило е украдено.
Украден е автомобил од семеен двор во каменичкото село Тодоровци. Како што информираат сопствениците на украденото возило, настанот е регистриран во 5 часот утрото, по што е известена полицијата.
– Украденото возило е „форд фокус“ со сива боја и регистарски таблички МК 0927 АВ. Aпелираме доколку некој го забележи да ја извести најблиската полициска станица – истакнаа од семејството чие возило е украдено.
Можеби ќе ве интересира
Според неофицијални извори, по грабежот на возилото, забележани се едно женско и две машки лица на надворешните камери кај мотел „Мерак“ каде исто така утрово имало обид за кражба.
Од полицијата во Македонска Каменица го потврдија случајот со кражбата на возилото, информирајки дека се трага по сторителот за што дополнително ќе информираат