„МУ ГО УКРАДОА ГОВОРОТ НА АХМЕТИ“ Од ДУИ велат дека албанската опозиција се фатила во стапицата
Дериватите на ДУИ предводени од разрешениот претседател на Алијансата не ја разбрале кога претходно ја прочитале, значи еден ден претходно, говорот на Али Ахмети, бидејќи успеале да го обезбедат предвреме вчерашниот говор на нашиот претседател, порача портпаролот на ДУИ, Арбр Адеми.
– После првиот премиер Албанец, првиот вицепремиер, министерот за надворешни работи, министерот за одбрана и за внатрешни работи, државните правобранители и Народниот правобранител, претседателите на Уставниот, Врховниот и на Управниот Суд, претседателите на фудбалската, боречката и боксерската Федерација, дојде време да го отвориме патот и за претседател на државата да биде Албанец. Сржта на идејата на лидерот Али Ахмети е изборот на претседателот на државата во Собрание со 2/3 мнозинство на гласови и со Бадентер, за да се обезбеди општествен, натпартиски консензус за да се овозможи со над 80 гласови во Собранието и со етнички консензус да се спречи етничко надгласање и наметнување само од двете поголеми македонски политички партии. Токму оваа идеја, дериватите на ДУИ предводени од разрешениот претседател на Алијансата не ја разбрале кога претходно ја прочитале, значи еден ден претходно, говорот на Али Ахмети, бидејќи успеале да го обезбедат предвреме вчерашниот говор на нашиот претседател. Ова идеја Али Ахмети ја претстави на вториот изборен Конгрес на ДУИ во 2009 година во Скопје кога ги наброи 12 позиции, тогаш недостижни за Албанците, додека истата ја имавме во изборната Програма од 2014, 2016 и последно 2020 година – рече Адеми.
Но, иако дериватите на ДУИ читаат и не разбираат и ни прават голема услуга паѓајќи во нашата стапица за да ја присвојат идејата на ДУИ, ова многу добро го разбираат од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а уште подобро разбираат Албанците и граѓаните на Македонија, посочи тој.
– Затоа, бараме апсолутна, масивна поддршка на Албанците и другите граѓани за кандидатот Бујар Османи, за да ни се овозможи да го измениме Уставот, истовремено и за претседателот и за уставните амандмани кои произлегуваат од Договорот за добрососедство. Овој ќе биде ставот на ДУИ и за вториот изборен круг на претседателските избори и за парламентарните избори, и ние ќе го постигнеме тоа. Само со еден глас за најсилната албанска партија ќе се постигне целта и ќе се спречи Русија и руското влијание кое ја зафати нашата економија, критичната инфраструктура, политичките партии, медиумите, верските заедници, граѓанското општество и има за цел да го дестабилизира нашето кревко мултиетничко, мулти-религиозно и мултикултурно општество за промовирање на домино ефект низ целиот регион – порача Адеми.