МУ ГО ИЗЕДОА КУЧЕТО НА ЧОВЕКОТ, ЕКСИК ВЕЌЕ! Глутница улични кучиња нападнаа миленик (ВИДЕО)

Сопственикот беспомошно се обидува да го спаси своето куче од глутницата, со викање, тргање и мафтање.

10,982

Глутница кучиња нападна домашен миленик и маж кој го шеташе на поводник во скопската населба Аеродром. Од вознемирувачката снимка, која ја добија повеќе портали, се гледа како сопственикот беспомошно се обидува да го спаси своето куче од глутницата, со викање, тргање и мафтање, додека тие го напаѓаат.

– Му го изедоа кучето на човекот, ексик веќе! – се слуша на снимката.






Според билтенот на МВР во текот на вчерашниот ден (18.02.2023) биле пријавени три каснувања од куче.

Во 14.40 часот во Полициската станица Аеродром, Ш.П.(69) од Скопје пријавил дека на ул.„Васко Карангелевски” бил каснат од куче скитник.

Исто така, вечерта во 22.20 часот во истата полициска станица Ј.А.(33) од Штип пријавила дека на ул.1615 во Скопје била касната од куче скитник.

Во 13.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ф.Н.(50) од с.Волково, скопско, пријавил дека на ул.„Лука Геров” бил каснат од куче скитник.

Грижата за бездомните кучиња во Скопје е должност на Градот и на јавното претпријатие „Лајка“. Според информациите на жители на Аеродром, овие кучиња немале жолти обетки, кои означуваат дека се кастрирани.

Поврзани содржини