МУ ФРЛИЈА СОЛЗАВЕЦ НА КОНЦЕРТ Бреговиќ не го коментираше инцидентот (ВИДЕО)
Најавата дека Бреговиќ ќе настапи на Фестивалот на пивото во Корча предизвика бура негативни коментари и обвинувања во косовски медиуми.
Солзавец бил фрлен вчера на концертот на Горан Бреговиќ кој настапи на Фестивалот на пивото во Корча, Албанија, по што публиката се разбегала.
Албански медиуми пишуваат дека децата и постарите лица тргнале директно кон излезот, а на едно лице му била укажана лекарска помош и завршило во болница.
Откако ситуацијата се смирила, концертот продолжил, но тимот на Бреговиќ не го коментирал инцидентот.
Полицијата привела едно лице осомничено дека го фрлило солзавецот.
Најавата дека Бреговиќ ќе настапи на Фестивалот на пивото во Корча предизвика бура негативни коментари и обвинувања во косовски медиуми.
„Газета експрес“ наведе дека Бреговиќ признал дека се сретнал со Радован Караџиќ, осуден за злосторства против човештвото во БиХ. Бреговиќ стана почесен граѓанин на албанската престолнина во 2006 година и тогаш го доби „клучот на Тирана“ од тогашниот градоначалник Еди Рама.