МУ ФАТИЛЕ ДРВА СЕЧЕНИ НА ЦРНО, ИМ ГО УДРИЛ КИБРИТОТ! Млад пехчевец ќе одговара за уништување докази
Интервенција на полицијата во пехчевското село Црник на крајот на декември прераснала во тензична сцена со закани, агресија и обид за прикривање на доказите. Главен актер во настанот бил 20-годишен жител на селото.
Додека полициските службеници вршеле контрола на дрвна маса за која утврдиле дека е без жиг и без потребната документација, младиот маж почнал агресивно да реагира. Наместо соработка, следувале навреди и закани упатени кон полицајците, кои во тој момент извршувале службени задачи.
Ситуацијата дополнително ескалирала кога тој се обидел да ја запали дрвната маса. Намерата, според полицијата, била јасна – со уништување на дрвата да се отежне или целосно да се спречи докажувањето на неправилностите што биле констатирани на терен.
По расчистување на случајот, ОВР Берово против него поднело кривична пријава за загрозување на сигурноста, спречување на службено лице во вршење службено дејствие и попречување на докажувањето.