🎥 МУ ДОФРЛИ „СИТЕ ЛАЖЕТЕ“ И ДОБИ ТУПАНИЦИ Пратеник истепа минувач на плоштад во Приштина
По инцидентот, пратеникот Земај се огласи на својот Фејсбук-профил, изразувајќи жалење и извинување за случката, додавајќи дека реагирал во самоодбрана.
Пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово Арменд Земај истепа случаен минувач на плоштадот во Приштина.
Настанот се случил додека Земај давал изјава на плоштадот, кога граѓанин на поминување му дофрлил „лажго“ и „сите лажете“. Пратеникот возвратил, а вербалната расправија набрзо преминала во размена на тупаници, во која минувачот го извлекол подебелиот крај.
Косовската полиција потврди дека инцидентот навистина се случил, а јавноста бурно реагираше откако видеото беше објавено на мрежата „Х“.
Демократскиот сојуз на Косово веднаш го осуди нападот, опишувајќи го како „директно прекршување на институционалното достоинство и демократската култура“.
По инцидентот, пратеникот Земај се огласи на својот Фејсбук-профил, изразувајќи жалење и извинување за случката, додавајќи дека реагирал во самоодбрана.
„Денес, за време на јавно интервју, се случи непријатна ситуација поради која искрено жалам. Еден граѓанин, не знам дали случајно или намерно, ме навреди и вербално ме провоцираше со неприфатливи зборови, пред медиумите и новинарот кој го спроведуваше интервјуто. Во тој момент реагирав во самоодбрана, во емоционална состојба, што не ги претставува моите лични убедувања ниту принципите што ги застапувам како пратеник и како член на ДСК. Во вакви случаи, без разлика на провокацијата, насилството во било каква форма не е вистинскиот одговор. За овој чин изразувам жалење и јавно се извинувам“, напиша Земај.
🇽🇰 Opposition MP Armend Zemaj (LDK) beat up a Vetevendosje supporter from the diaspora who called him a liar during a live interview. pic.twitter.com/AjQpTwe3py
— kos_data (@kos_data) October 25, 2025