МУ ДАВАЛ ЛИ СДСМ НАСОКИ НА СОКОЛ КОГО ДА ПУШТИ ОД ЗАТВОР Петрушевски бара Филипче да се огради од ексдиректорот на „Шутка“
Дали молкот во СДСМ е всушност страв, што сè може да каже Сокол и дали затоа судството под контрола на СДСМ грчевите се бореше Сокол да не добие притвор, туку да се брани од слобода, прашува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Дали Сокол работел по насока на СДСМ, па затоа молчи Венко Филипче и не смее да се огради, праша денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
– Се плашат ли СДСМ и Венко Филипче од Филип Андов Сокол, и тоа што тој може да каже пред органите на прогонот? Молчат ли СДСМ и Венко Филипче за криминалот на Сокол затоа што знаеле како партија и затоа што и сами му давале насоки кого да пушти од затвор и кои привилегии да ги ужива на слобода, наместо да лежи во ќелија? – рече Петрушевски.
Дали молкот во СДСМ, додава Петрушевски, е всушност страв, што сè може да каже Сокол?
– И дали затоа судството под контрола на СДСМ грчевите се бореше Сокол да не добие притвор, туку да се брани од слобода? Што знае Сокол, што СДСМ и Филипче толку ги плаши? Чии насоки спроведувал Сокол кога шетал криминалци низ Скопје, наместо да ги затвори во ќелија? СДСМ да излезе и да каже или да се огради од Сокол веднаш – повика Петрушевски.