МУ ДАЛ 4.000 ЕВРА ЗА „ДОКАЗ“, ПА СЕ ШОКИРАЛ Неготинец наседнал на лукава измама

Измамникот му побарал пари „само да ги покаже“, а како гаранција оставил заклучена чанта.

711

76-годишен жител на Неготино останал без 4.000 евра откако бил измамен од засега непознато лице кое му приредило добро осмислена измама.

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 19 февруари околу 12:30 часот во ОВР Неготино. Измамникот му пристапил на повозрасниот неготинец и побарал од него да му покаже 4.000 евра на друго лице, кое го претставил како странски државјанин, со образложение дека треба да се докаже оти еврото е валидна валута во земјава.






Оштетениот, верувајќи во приказната, му ги предал парите. За да остави впечаток на сигурност, измамникот му дал чанта со катанец да ја чува како „гаранција“ дека ќе се врати.

Но, кога подоцна ја отворил чантата, неготинецот сфатил дека бил измамен и дека останал без парите.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини