„МУ ЧЕСТИТАМ НА ГЕРАСИМОВСКИ, НО ЦЕНТАР ЗАСЛУЖУВА РЕЗУЛТАТИ“ Лабудовиќ ги прифати резултатите и се заблагодари на поддржувачите

Мирослав Лабудовиќ по изборите во Центар му честита на Горан Герасимовски, упатувајќи порака за единство и благодарност до сите поддржувачи и коалициски партнери.

1,056

Кандидатот за градоначалник на општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, му ја честита победата на актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, по завршувањето на изборниот процес во оваа општина.

– Му посакувам успех во вршењето на функцијата и искрено се надевам дека во наредниот период Центар ќе добие конкретни резултати за граѓаните – напиша Лабудовиќ на својот Фејсбук профил.






Тој им се заблагодари на сите кои му ја дале довербата и стоеле зад него во изборната трка.

– На сите кои ми ја дадоа довербата, од срце ви благодарам. Благодарност до сите членови, симпатизери и поддржувачи на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, кои со искрена енергија и верба во промените застанаа зад оваа визија. Голема благодарност и до нашите коалициски партнери од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, за поддршката и соработката – напиша тој.

Во продолжение, Лабудовиќ се заблагодари и на неговиот изборен тим, нагласувајќи дека за него било чест да биде кандидат кој ја почувствувал поддршката од граѓаните.

– Ви благодарам што бевме заедно во оваа приказна. Честа беше моја да бидам ваш кандидат и да ја почувствувам силата на вистинската поддршка – порача Лабудовиќ.

Поврзани содржини