МУ БАРАЛА 3.00 ЕВРА ЗА ДА ГО „ПИКНЕ“ ВО ВОЈСКА Приведена е припадничка на Армијата

Вработената, служејќи се со лаги и манипулации уценувала кандидат пријавен на оглас да ѝ даде 3.000 евра за да биде примен, откри министерката за одбрана Славјанка Петровска.

712

Во заедничко дејствување, припадниците на Службата за воена безбедност и разузнавање при Министерство за одбрана и Министерство за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство вчера привеле припадничка на Армијата на Република Северна Македонија заради вршење на кривично дело поткуп.

„Вработената, служејќи се со лаги и манипулации уценувала кандидат пријавен на оглас да ѝ даде 3.000 евра за да биде примен. Кандидатот е успешен и секако ќе беше примен, а лакомата вработена е лишена од слобода, ќе го изгуби работното место и ќе биде кривично гонета исто како и нејзините соучесници. Ова нека биде порака за сите: за криминалот нема место во Армијата“, напиша министерката за одбрана, Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил.






Таа ги охрабри сите да ги пријавуваат ваквите случаи.

„Криминалот и корупцијата ќе добијат жесток и бескомпромисен одговор“, напиша Петровска.

Поврзани содржини