МУ ЈА РАСЦЕПИЛА ГЛАВАТА СО ЛАЖИЦА Обвинение против воспитувачка од скопска градинка

„Додека го делела ручекот за децата во групата, обвинетата со метална супена лажица го удрила детето по главата, нанесувајќи му телесна повреда – нагмечно-расцепна рана на темето“, соопшти Обвинителството.

1,442

Против воспитувачка од скопска градинка е поднесено обвинение за насилство врз дете, соопшти Јавното обвинителство.

Како што соопшти Обвинителството, на 01.09.2021 година, обвинетата 48-годишна воспитувачка во детска градинка во Автокоманда извршила физичко насилство спрема дете оставено на грижа и чување во објектот.






Додека го делела ручекот за децата во групата, обвинетата со метална супена лажица го удрила детето по главата, нанесувајќи му телесна повреда – нагмечно-расцепна рана на темето“, соопшти Обвинителството.

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а од Кривичниот законик.

Поврзани содржини