МУ ЈА ПЕЕШЕ „ЈУТРО ЈЕ“ НА УВЦЕ Нада Топчагиќ го изненади славеникот Ибрахимовиќ (ФОТО)

На социјалните мрежи се појавија серија снимки од роденденот, а на нив може да се видат и бројни славни фудбалери на прославата. Меѓу гостите e и фудбалерот на Манчестер jунајтед, Пол Погба, фотографиран со Топчагиќ, Марко Верати и други.

1,160

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ синоќа го прослави својот 40 роденден во еден хотел во Милано, а специјалното изненадување беше една од најпопуларните фолк-пејачки на Балканот – Нада Топчагиќ.

Пејачката беше задолжена да ги забавува гостите, а меѓу другите ја изведе и нејзината песна „Јутро је“, која го придружува Ибрахимовиќ во неговата кариера.






Златан оваа песна ја пее во соблекувалната во речиси секој клуб каде што играл, за што сведочат бројни видеа.

На социјалните мрежи се појавија серија снимки од роденденот, а на нив може да се видат и бројни славни фудбалери на прославата.

Меѓу гостите e и фудбалерот на Манчестер jунајтед, Пол Погба, фотографиран со Топчагиќ, Марко Верати и други.

Поврзани содржини