МУ ЈА ЛЕТНА ЛИ ФИЛИПЧЕ ЗА ДУБАИ ОД СОЛУН? Замина ли по приватни бизниси со златната виза, прашува ВМРО-ДПМНЕ

И додека Филипче ужива по плажите со златни песоци во егзотичниот Дубаи со украдените пари, СДСМ лицемерно поднесува памфлет закон за настраданите од Кочани, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

447

Зошто цел ден СДСМ го нема да одговори дали Венко Филипче, со златната виза, заминал за Дубаи по приватни бизниси, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Цел ден ги нема од СДСМ да кажат каде е нивниот претседател, Венко Филипче. Од што се плашат, па го кријат? Зошто не одговорат на јавно поставени прашања дали е точно дека Филипче е во Дубаи? Дали таму заминал од аеродромот во Солун со златната виза, која можеби ја стекна со инвестиција од над пола милион долари?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.






Венко Филипче, освен што е претседател на СДСМ, тој е и пратеник во македонското Собрание и добива плата од македонските даночни обврзници, се додава во соопштението од владејачката партија.

„Затоа граѓаните имаат право да знаат каде е Филипче, а СДСМ е должна да одговори. Транспарентноста и отчетноста СДСМ од уста не ја вадеше, за сега да се крие и да зборува за разно разни теми, само одговор каде неговите функционери ги трошат народните пари, не дава“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

И додека Филипче ужива по плажите со златни песоци во егзотичниот Дубаи со украдените пари, се додава во соопштението, СДСМ лицемерно поднесува памфлет закон за настраданите од Кочани.

„И додека Филипче ужива, СДСМ без трошка емпатија и никакво чувство на солидарност, му ги споделуваат неговите лицемерни фејсбук статуси за негова наводна загриженост, кои Филипче најверојатно ги пишува во друштво на неговиот ментор Зоран Заев, под некоја палма во Дубаи. Или пак, додека со Заев ја надгледуваат изградбата на 50-катницата. СДСМ се партија без никакво чувство на одговорност и обврска кон сопствените граѓани. СДСМ е партија за која е важна само комоцијата и удобноста на неговите партиски лица. СДСМ и Филипче се синоним за криминал, корупција и предавства“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини