МТСП: Жените ќе можат да одат во пензија и со 62 години и 15 години стаж

Според Министерството, предложените измени на Законот за работни односи се однесуваат само на укинување на можноста за продолжување на работниот век до 67 години.

2,494

Министерството за труд и социјална политика вечерва појасни дека според планираните измени на законот, пензионирањето ќе биде задолжително и за мажите и за жените на 64 години возраст и 15 години работен стаж, но не се исклучува можноста жените да одат во пензија и на 62 години доколку така одлучат.

– Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд и социјална политика информира дека во согласност со Уставот правото за пензионирање на мажите и жените во однос на возраста е изедначено и тие се пензионираат на 64 години. Но, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во член 18, им остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години, доколку тие така одлучат – велат од Министерството за труд.






Според Министерството, предложените измени на Законот за работни односи се однесуваат само на укинување на можноста за продолжување на работниот век до 67 години, но не предвидуваат измени во однос на укинување на можноста жените да се пензионираат на 62 години, но само доколку тие самите така одлучат.

Поврзани содржини