МТЕЛ ЈА ПРОДОЛЖУВА ПОДДРШКАТА ЗА КОШАРКАРИТЕ Ќе биде генерален спонзор на Супер лига мажи и во новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија изрази благодарност кон МТЕЛ за довербата и за континуираната поддршка.

26

МТЕЛ ја продолжи соработка со Македонската кошаркарска федерација и останува генерален спонзор на Супер лига – мажи и за претстојната натпреварувачка сезона 2025/2026.

– Оваа одлука не е само формалност, туку потврда на нашата длабока верба дека спортот е темел на заедништвото, здрав дух и инспирација за новите генерации. Водени од највисоките светски стандарди за општествена одговорност и од вредностите вградени во корпоративниот дух на Телеком Србија Групацијата, МТЕЛ останува цврсто посветен да биде двигател и поддржувач на хуманитарни, спортски и општествени иницијативи кои носат вистинска промена. За МТЕЛ, вложувањето во спортот не е само спонзорство, тоа е инвестиција во иднината на нашата заедница. Кошарката, како еден од највозбудливите и најпопуларните спортови во земјава, има моќ да инспирира, да обединува и да поттикнува личен и тимски развој. Токму затоа, со радост ја продолжуваме оваа приказна, верувајќи дека секој натпревар и секоја победа се и наши заеднички успеси – велат од МТЕЛ.






Кошаркарската федерација на Македонија изрази благодарност кон МТЕЛ за довербата и за континуираната поддршка.

– Во време кога поддршката за спортот може да биде непостојана, особено значи кога имаме партнер кој верува во нашата мисија и останува со нас низ годините – изјавија од Кошаркарската Федерација.

Покрај спортот, МТЕЛ останува посветен на поддршка на културни настани, образовни проекти и општествено одговорни иницијативи кои носат реални и позитивни промени.

 

Поврзани содржини