СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СЕ ЖАЛИ НА ХАКЕРСКИ НАПАДИ Ги замолувам политичките противници за коректен финиш на политичката кампања
Лидерот на ГРОМ ги замоли своите противници да останат коректни во пресрет на вториот круг од локалните избори.
Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од редовите на опозицијата, Стевчо Јакимовски, се пожали дека неговиот профил на Фејсбук е честа мета на хакерски напади.
– Сакам да ве известам дека во последниот период мојот профил на фејсбук каде што комуницирам со граѓаните е цел на континуирани хакерски напади на социјалните мрежи преку лажни кинески профили – вели Јакимовски.
Лидерот на ГРОМ ги замоли своите противници да останат коректни во пресрет на вториот круг од локалните избори.
– Ги замолувам политичките противници за коректен финиш на политичката кампања – посочи тој.