„МРТВИ ВО ЗАРОБЕНИШТВО“ Израел формира комисија која ќе ја испитува веројатноста за тоа дали заробениците се живи

Тоа, (прогласувањето за мртов во заробеништво) може да биде доволно за да се утврди дали заложникот преживеал или не, иако нема лекарско уверение за смрт на некој од заложниците што не ги ослободи Хамас, кажа Хагар Мизрахи, претставник на Министерството за здравство кој ја предводи комисијата.

593

Додека Израел преку индиректни преговори и спроведување воени дејствија се обидува да ги врати заложниците кои се држени од палестинските милитанти, израелските власти некои од исчезнатите ги прогласуваат за „мртви во заробеништво“, користејќи ја оваа формулација за на семејствата на киднапираните да им обезбеди каков било крај на неизвесноста и исчекувањето.

– Тоа може да биде доволно за да се утврди дали заложникот преживеал или не, иако нема лекарско уверение за смрт на некој од заложниците што не ги ослободи Хамас – кажа Хагар Мизрахи, претставник на Министерството за здравство кој ја предводи комисијата.






Во интервју за израелското радио Кан, Мизрахи кажа дека утврдувањето смрт никогаш не е лесна работа, „а уште помалку во оваа ситуација во која се наоѓаме“.

Во меѓувреме, Велика Британија планира извидувачки летови над Израел и Појасот Газа со цел да ги лоцира луѓето кои се заложници на палестинското исламистичко движење Хамас, соопшти британското Министерство за одбрана.

Синоќа израелската армија погодила околу 200 цели   во појасот Газа, а уништена е инфраструктура на училиште во Беит Ханун кое се пронајдени два влеза во тунели на Хамас и експлозивна направа, соопштија Израелските одбранбени сили(ИДФ).

„Тајмс оф Израел“ пишува и дека армијата уништила возила со ракети и со минофрлачи на Хамас, складишта за оружје и оперативци на милитантната група, а во текот на ноќта гаѓала пунктови на Хамас долж брегот.

 

 

Поврзани содржини