МРТВ ВЧЕРА НЕ ЕМИТУВАШЕ ДВЕ ИЗДАНИЈА НА ТВ-ДНЕВНИКОТ Паднал компјутерскиот сервер

Извори во јавното радиодифузно претпријатие велат дека серверот го одржува надворешна компанија, а проблемите се провлекувале подолго време.

1,129

Македонската радио телевизија вчера, поради технички проблеми, не била во можност да го емитува дневникот во 17 часот, а потоа и централниот ТВ-дневник во 19:30, како и една предвидена дебатна емисија, потврдија за Плусинфо извори од МРТВ.

Според извори во телевизијата, паднал локалниот компјутерски сервер, кого го одржува надворешна компанија, надвор од рамките на МРТВ.






Техничкиот проблем траел извесно време, заради што на МТВ изминатите денови не можеле да се реализираат одреден вид содржини во информативната програма.

Денеска во МРТВ продолжи редовната програма, откако техничките проблеми биле отстранети.

Поврзани содржини