„МРТОВ ПИЈАН“ ВОЗЕЛ НИЗ БИТОЛА Фатен е со 4.03 промили алкохол во крвта

252
При контрола на сообраќајот во Битола кај возач констатирано присуство на 4.03 промили алкохол.
„На територијата на СВР Битола биле контролирани 135 возила од кои 23 упатени на технички преглед. При контрола кај возач од Битола констатирано било присуство на 4.03 промили алкохол. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, информира МВР.
Поврзани содржини