МРТОВ ГЕРМАНЕЦ ПРОНАЈДЕН ВО СКОПЈЕ На телото немало видливи траги на насилство
Во СВР Скопје вчера во 20:37 часот било пријавено дека во куќа на ул.„Кленоец" бил пронајден починат О.Д.Х(57) од Сојузна Република Германија, со престој во Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, посочуваат од МВР.
Пронајдено е починат германски државјанин во куќа во Скопје. Телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Во СВР Скопје вчера во 20:37 часот било пријавено дека во куќа на ул.„Кленоец” бил пронајден починат О.Д.Х(57) од Сојузна Република Германија, со престој во Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, посочуваат од МВР.