Mртов e пилотот на американскиот авион што се урна на британскиот брег

„Пилотот на соборениот F15C Eagle на 48-та ескадрила е лоциран и потврдено е дека е мртов“, се вели во соопштението.

529

Пилотот на американскиот воен авион што утрово се урна во Северното Море во близина на британскиот брег, е пронајден мртов, соопшти американската армија.

„Пилотот на соборениот F15C Eagle на 48-та ескадрила е лоциран и потврдено е дека е мртов“, се вели во соопштението.






Тие додаваат дека тоа е „трагична загуба“ за 48-та ескадрила и упатија сочувство до семејството на пилотот. Засега не се познати причините за уривањето на авионот.

Поврзани содржини