МРТ и БНТ потпишаа Меморандум за разбирање со којшто ќе се разменуваат програми

Директорите на јавните сервиси на двете земји велат дека целта е да се развијат пријателски односи и заемно корисна билатерална соработка.

292

Јавните сервиси Македонската радио телевизија и Бугарската национална телевизија потпишаа меморандум за разбирање, со којшто на реципрочен начин ќе разменуваат вести, детски, музички, забавни, културни и образовни програми, а чија цел е да се развиваат пријателски односи и заемно корисна билатерална соработка.

Директорите на јавните сервиси на двете земји велат дека целта е да се развијат пријателски односи и заемно корисна билатерална соработка.






– Ќе продолжиме да правиме размена на програми од областа на туризмот, културата, образованието, музиката, на дневни информации и на вести. Ние, наскоро сакаме да отвориме и дописништво во Софија, се надевам дека и БНТ ќе отвори дописништво во Скопје, во Македонија, така што на еден заеднички начин да успееме да ги доближиме телевизиите што е можно поблиску – изјави директорот на МРТ, Марјан Цветковски.

Директорот на Бугарската национална телевизија Емил Кошлуков изрази надеж дека двете телевизии поактивно ќе работат со цел двата народа подобро да се запознаат.

– Ова е договор со Македонската јавна телевизија, со кој се надеваме дека ќе започнеме да работиме поактивно, да размениме содржини меѓу нашите две телевизии. И додека политичарите се занимаваат со политика, историчарите со историјата, ние правиме телевизија. Можеме да прикажеме убави извештаи за Македонија, за Охрид, има толку убави места, и тие можат да гледаат репортажи за бугарски места. Може да има македонска музика и фолклор, можеме да им ги дадеме нашите за да можат двата народа да се запознаат и слушнат. Мислам дека ова е патот – нагласи директорот на БНТ, Кошлуков.

Со потпишувањето на меморандумот со БНТ, Македонската телевизија ја продолжува соработката со јавните сервиси од регионот.

Поврзани содржини