Мрме се сели во Турција?

Во Б-планот на турскиот гигант се Ангеловски и поранешниот тренер на Фенер, Криштоф Даум.

2,534

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, е еден од кандидатите за тренерското место во турскиот клуб Фенербахче, објави турски „Хуриет“. Како што е наведено во објавата, Фенербахче ќе изврши разговор со повеќе тренери, пред да го открие конечниот избор.

Последни нови кандидати за ова место по хрватскиот селектор Златко Далиќ се неговиот сонародник, Славен Билиќ, нашиот Игор Ангеловски и Криштоф Даум.






Билиќ откако доби отказ од Вест Бромвич Албион минатата година, од јануари работи со кинескиот Беижинг Гуоан, со кој има договор до декември 2022, што е најголема пречка за неговото поставување.

Б-планот се Ангеловски и поранешниот тренер на Фенер, Криштоф Даум.

Поврзани содржини