МРДНАА РАБОТИТЕ КАЈ „БЕЛАСИЦА“ Извадени цевките од опожарениот топловод на мостот

И покрај опожарувањето на мостот „Беласица“, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа, информираат од ЕСМ Дистрибуција.

303

Започнаа теренските активностите за отстранување на опожарениот топловод на мостот „Беласица“. ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе вложи максимални напори демонтажата да се заврши во најкраток можен рок.

– Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании. И покрај опожарувањето на мостот „Беласица“, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа – информираат од ЕСМ Дистрибуција.






– Бетонот на мостот Беласица е во идеална состојба и истражувањето што го направи Институтот за сезимички отпорни градби и климатски промени покажа дека по вадењето на цевките за парно греење може да започне со санација на мостот – објаснува Михаил Гаревски од Институтот за сеизмички отпорни градби наспроти тврдењето на деканот на градежен факултет Горан Макрковски дека се потребни нови анализи пред да се пушти мостот Беласица во употреба.

И градоначалничката на Скопје Арсовска поврди дека по завршените процедури за отстрнување на цевките ќе може да почне санацијата на мостот.

Гаревски вели дека единствена пречка може да биде дали ќе има потреба од тендер или не за отпочнување на санцијата на мостот.

Само за потсетување мостот „Беласица“ се запали на 11 мај и повеќе од два месеци е затворен за сообраќај поради безбедноста на возилата и минувачите. Во гаснењето на пожарот интервенирале 21 пожарникари со 8 ПП возила, а била зафатена површина од 2.000 м2.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во неколку наврати најавуваше брзо санирање на штетите и пуштање во употреба на мостот, сепак и покрај најавите тоа не се случи, а многу експерти предупредуваа дека потребно е подетална анализа за да се видат точните штети што ги предизвикал пожарот врз конструкцијата.

Поврзани содржини