📽️ МРАЗ ОД ПОКРИВИ УБИВА НИЗ РУСИЈА Деветмина загинати и над 20 повредени за една недела

Повеќе од 60 инциденти регистрирани во 25 региони за една недела.

519

Најмалку девет лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во изминатата недела низ Русија, откако натрупан снег и мраз паѓале од покривите на зградите.

Според руското Министерство за вонредни ситуации, регистрирани се повеќе од 60 вакви инциденти во 25 региони низ земјата. Од вкупно 24 повредени лица, девет им подлегнале на повредите.






Надлежните предупредуваат дека станува збор за сериозна опасност во текот на зимските месеци, кога обилните снежни врнежи создаваат големи наслаги на покривите. Граѓаните се повикани да се движат само по расчистени површини и да избегнуваат минување под стреи и покриви од кои може да се одрони мраз или снег.

Властите апелираат и опасните места навреме да се пријавуваат до општинските служби, со цел да се спречат нови несреќи.

Паѓањето снег и мраз од покривите е чест ризик во повеќе руски региони во текот на зимата, а службите повторно потсетуваат дека редовното чистење на покривите може да спаси човечки животи.

 

Поврзани содржини