МРАВКИ, АВОКАДО, СЛАДОЛЕД „Спејс Икс“ лансираше пакет во Вселената

Kапсулата „Драгон“ носи повеќе од 2.170 килограми залиха, вклучувајќи и свежа храна, овошје како авокадо и лимон, па дури и сладолед за седум од астронаутите кои се наоѓаат на Вселенската станица.

815

Компанијата „Спејс Икс“ испрати пакет во Вселенската станица на НАСА, а според очекувањата, пратката треба да пристигне уште денеска.

Kапсулата „Драгон“ носи повеќе од 2.170 килограми залиха, вклучувајќи и свежа храна, овошје како авокадо и лимон, па дури и сладолед за седум од астронаутите кои се наоѓаат на Вселенската станица.






Во „пакетот“ се испорачани и мравки, ракчиња и разни растенија кои ќе се користат за експериментални цели, а испратени се и соларни ќелии и бетонски примероци.

Експерименталниот робот на една јапонска компанија ќе се обиде да ги поврзува предметите и да завршува секојдневни обврски кои обично ги прават астронаутите. Првите тестови ќе бидат направени во вселенската станица.

Идните модели на роботи, „Гитаи Инк“, ќе се занимаваат во просторот без тежина, со работа вклучувајќи го и сервисирањето на опремата, изјавил директорот Тојотака Козуки, додавајќи дека во 2025 година ќе се формира тим што може да помогне во изградбата на лунарни бази и минирање на Месечината, за да се набават вредни ресурси.

Компанијата „Спејс Икс“ имаше успешно лансирање, бидејќи ден претходно, мисијата беше одложена поради невреме.

Поврзани содржини