МРАМОРНОТО МОРЕ СЕ ПОВЛЕКЛО ДО 25 МЕТРИ? По земјотресите се забележани бројни природни феномени

Експертите првично објавија дека земјотресите предизвикале поместување на тлото на Анадолија за цели три метри. Но подоцна и Техничкиот универзитет во Истанбул оцени дека земјотресот не е причина за повлекување на водата.

345

Во деновите по разорните земјотреси што ги погодија Туркије и Сирија забележани се бројни природни феномени, а особено е загрижувачки случајот со повлекувањето на Мраморното Море за цели 25 метри. Турската опсерваторијата Кандили, сепак, тврди дека таквата силна осека не е поврзана со земјотреси, туку со метеоролошки настани.

Во меѓувреме, жителите на Истанбул нервозно споделуваа фотографии и видеа од брегот.






– Овде живеам 20 години и никогаш до минатата недела не успеав да се доближам до овој дел од плажата во Авџилар – вели еден од жителите.

Експертите првично објавија дека земјотресите предизвикале поместување на тлото на Анадолија за цели три метри. Но подоцна и Техничкиот универзитет во Истанбул оцени дека земјотресот не е причина за повлекување на водата.

– Поради центарот со висок притисок кој се наоѓа на запад од Турција, ветерот веќе подолго време дува од север кон југ над Истанбул кон Мраморното Море. Според податоците на Главниот институт за метеорологија, интензитетот на овој ветер е 20 километри на час. Овој ветер постојано ја носи површинската морска вода на брегот на Мраморното Море на европската страна на Истанбул кон југ. Поради ова, нивото на водата се намалува и се повлекува на северниот брег на Мраморното Море во правец на Авџилар, додека нивото се зголемува на јужниот брег на Мраморното Море – велат тие.

 

Поврзани содржини