МРАК ВО „ЕР ФОРС УАН“, АВИОНОТ ПРИНУДНО ВРАТЕН Дефект го одложи летот на Трамп кон Давос

Претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ се врати кратко по полетувањето поради електричен проблем. Доналд Трамп кон Давос продолжи со друго летало.

556

Претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, во кој патуваше американскиот претседател Доналд Трамп, мораше итно да се врати во базата во Мериленд кратко по полетувањето, откако екипажот забележал технички проблем.

Авионот бил на пат кон Давос, Швајцарија, каде што Трамп требаше да учествува на Светскиот економски форум. Како што соопштија од Белата куќа, станувало збор за „мал електричен проблем“, поради што, од безбедносни причини, било одлучено леталото да се врати назад.






„Ер Форс Уан“ полетал од заедничката база Ендрус, но по кратко време слетал повторно во базата во 23:07 часот по локално време.

Новинарите кои патувале со претседателот изјавиле дека кратко по полетувањето светлата во нивната кабина се изгаснале, без притоа да добијат официјално објаснување во тој момент.

Околу еден час подоцна, Трамп го продолжил патувањето со друг авион. Според „Асошиејтед прес“, станува збор за „Ер Форс Ц-32“, модифицирана верзија на „Боинг 757“, која американскиот претседател често ја користи за домашни летови и за слетување на помали аеродроми.

Поврзани содржини