МПЦ-ОА ГО ОБЖАЛИ РЕШЕНИЕТО ЗА УРИВАЊЕ НА КРСТОТ НА ШАПКА Секретарот на Oпштина Тетово вели дека нема врска со одлуката за уривање
Ниту сум потпишал ниту пак имам ингеренции за такво нешто – вели секретарот на Општина Тетово Дарко Коцевски.
„Не сум потпишал ништо за уривање на крстот во манастирот Св. Наум Охридски“ – вели Дарко Коцевски, секретар во Општина Тетово, откако во некои медиуми се појавија тврдења дека уривањето на крстот ќе биде со негов потпис.
Коцевски вели дека засега не може да има уривање бидејќи тетовско-гостиварската епархија има поднесено жалба до второстепен орган.
– Ниту сум потпишал ниту пак имам ингеренции за такво нешто. Таква ингеренција нема ниту градоначалникот Касами, а камоли јас. Нека го отворат Законот за инспекциски надзор – изјави Коцевски за „Република”.
Тој ја објаснува процедурата околу тоа кој и како ја носи одлуката за уривање на некој објект.
Прво се носи опомена за уривање за да се исправат неправилностите констатирани на терен. Одлуката за уривање ја донел градежен инспектор на општина Тетово, но, вакви одлуки за рушење има околу 5.000, којзнае кога ќе ѝ дојде редот – објаснува Коцевски.