МПЦ-ОА ГИ КАНИ ВЕРНИЦИТЕ ВО ОХРИД Во сабота наречение, в недела востоличување на новиот митрополит Георгиј

427

По повод претстојните настани што ќе се одржат на 12 и 13 јули во Охрид, а кои се поврзани со наречението, хиротонијата и востоличувањето на новоизбраниот архијереј на Дебарско-кичевската епархија – архимандритот Георгиј (Ѓорѓевски), Кабинетот на ариепископот испрати соопштение кое го објавуваме интегрално:

„Почитувани верни чеда на Македонската православна црква – Охридска архиепископија,
Со неискажлива духовна радост, ве покануваме да земете молитвено учество во големите и бележити настани на нашата Света Црква:






– Наречение на новоизбраниот архијереј Дебарско-кичевски, архимандритот Георгиј – на 12 јули, во манастирот „Св. Климент Охридски и св. вмч. Пантелејмон“ на Плаошник, во Охрид, со почеток во 17 часот;

– Божествена литургија со хиротонија и востоличување на новиот митрополит Георгиј – на 13 јули, во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 8:30 часот.
Овие благословени собитија се од непроценлива важност за сета полнота на нашата Света Македонска Црква.

Затоа, да се обединиме во молитва, за еднодушно да го прославиме Христа – нашиот Господ и Спасител“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини